Европејците почнаа да купуваат „Лада“

Lada.ru
Продажбата на нови автомобили Lada во Европската Унија скокна на годишно ниво за два и пол пати.

Европејците купиле 154 руски автомобили, велалт податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Во јануари минатата година во регионот било продадено 61 возило од марката Lada.

Вкупно земено, продажбата на нови автомобили во Европската Унија опадна за шест отсто на годишно ниво, достигнувајќи рекорден минимум од 682,596 возила. ACEA очекува годинава ситуацијата со дефицитот на чипови да почне да се стабилизира, а бројот на регистрации на автомобили повторно да почне да расте и да се зголеми за 7,9 отсто.

Претходно Lada стана најбараната марка автомобили во Русија, а нејзини најпопуларни модели се Granta, Vesta и Kalina. Следуваат Hyundai со моделите Solaris и Creta, како и KIA са Rio, Sportage и Ceed.
Поради глобалниот недостаток на микросхеми за електронски блокови на управување во 2022 година во Русија се предвидува голем скок на цените на патничките автомобили. Растот на цените се забележа веќе од почетокот на годината. Цените на своите модели ги покачија Lada, KIA, Hyundai, Renault, Toyota, Mazda и Volkswagen.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња