Извозниците на прехранбени производи од Русија во ноември 2021 година поставија нов историски рекорд. Обемот на извоз достигна 3,82 милијарди долари. Ова се наведува во соопштението на Рускиот извозен центар.
„Во ноември 2021 година извозот на прехранбени производи од Русија постави нов историски рекорд и достигна 3,82 милијарди долари. Тоа е повеќе отколку во целата 2020 година. Претходниот рекорд беше поставен во август 2021 година и изнесуваше 3,44 милијарди долари. Тоа го покажуваат пресметките на аналитичкиот центар на Групата на рускиот извозен центар врз основа на податоците на Федералната царинска служба на Русија“, се наведува во соопштението.
Како што објаснуваат од Рускиот извозен центар, до 2021 година рускиот извоз на храна само еднаш надминал 3 милијарди долари за месец дена. Тоа се случило во декември 2020 година. Меѓутоа, од август 2021 година показателот не паднал под ова ниво. Организацијата истакнува дека главни прехранбени стоки извезувани од Русија во ноември биле пченицата (953 милиони долари), раковите (540 милиони долари, главно краби), маслото (430 милиони долари), замрзнатата риба (313 милиони долари, првенствено бакалар, ослич, лосос, како и кавијар), маслото од маслена репка (120 милиони долари), јачменот (113 милиони долари), чоколадните производи (100 милиони долари), лененото семе (97 милиони долари) и пченката (95 милиони долари).
Дополнително, големо количинско зголемување на извозот се бележи во ноември и кај житариците (2,2 пати поголема количина од ноември 2020 година), говедското месо (2,1 пати), маргаринот и слични намирници храна (93% зголемување), раковите (91%), шеќерот (59%) ), филетите од риба (54%), безалкохолните пијалоци (53%), снегулките и други преработени житарки (41%), лененото семе (31%), пивото (28%). Водечки увозници на храна од Русија во ноември 2021 година беа Турција (512 милиони долари), Египет (306 милиони долари), Кина (291 милиони долари), Казахстан и Холандија (по 279 милиони долари), Иран (247 милиони долари), Република Кореја (218 милиони долари), Белорусија (160 милиони долари) и Јапонија (145 милиони долари).
„Руски извозен центар“ е државен институт за поддршка на извозот на несуровини. Се состои од група компании кои обезбедуваат широк спектар на финансиски и нефинансиски мерки за поддршка на руските извозници. Во групата РЕЦ се интегрирани Руската агенција за осигурување на извозни кредити и инвестиции (Ексар), „Росексимбанк“ и „Школа за експорт“, што овозможува да се обезбеди понуда на производи кои ги задоволуваат потребите на извозниците од различни профили во различни фази на извозниот циклус: од идеја до обезбедување наплата на испорачаните стоки и услуги.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче