Русија забележа рекорден извоз на несуровински производи во 2021 година

Константин Кокошкин/Global Look Press
Рускиот несуровински извоз во 2021 година достигна рекордно ниво, надминувајќи 191 милијарда долари.

Русија во 2021 година значително го зголеми несуировинскиот неенергетски извоз, изјави за новинарите Вероника Никишина, раководител на Рускиот извозен центар (дел на ВЕБ.РФ).

„Од јануари до ноември 2021 година несуровинскиот неенергетски извоз на Русија изнесуваше 170,5 милијарди долари, а за целата година проценуваме дека тој извоз порасна за 36% и надмина 191 милијарда долари, што е нов историски максимум“, рече таа.

Раст е забележан практично во сите стоковни сегменти, со најголем пораст на извозот на црни и обоени метали, ѓубрива, производи од дрвопреработувачката индустрија, хемикалии, пластика и енергетска опрема.

Пандемијата обезбеди нови можности за домашните производители да излезат на глобалните пазари и да се зацврстат на нив, додаде Никишина.

Аналитичкиот центар на групата РЕЦ (РЭЦ) за 11 месеци од 2021 година бележи позитивна динамика во сите главни индустриски гранки.  Така, извозот на производи од хемиската индустрија е зголемен за 54%, металургијата за 52%, дрвопреработувачката индустрија за 43%, машиноградбата за 31% и прехранбената индустрија за 23%.

Главни увозници на руските производи беа Кина (15,6 милијарди долари), Казахстан (14,4 милијарди долари), Белорусија (11,4 милијарди долари), Турција (10,9 милијарди долари) и САД (7,9 милијарди долари).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња