Барел руска нафта од типот „Урал“ првпат во последните седум години е над 90 долари

Zamir Usmanov/Russian Look/Global Look Press
Цената на руската извозна нафта од марката „Урал“ во Европа надмина на тргувањето на 19 јануари 90 долари за барел, првпат по октомври 2014 година, покажуваат податоците на светската организација за следење на цената на нафтата Argus.

Според пишувањето на новинската агенција ТАСС која се повикува на наведената организација, нафтата од марката „Урал“ го надмина седумгодишниот максимум кон крајот на минатата недела, кога во Средоземното море (CIF Augusta) нејзината цена скокна на преку 86 долари за барел.

На 19 јануари чинеше во тој регион веќе 91 долар за барел. На 9 северозападот на Европа (CIF Rotterdam) цената на нафтата „Урал“ на затварањето достигна 89,6 долари за барел.

Како што се наведува, руската нафта веќе трет ден по ред е поскапа од референтната марка „Брент“ во регионот на Средоземјето. Како што веќе беше соопштено, цената на нафтата „Брент“ на лондонската берза ICE првпат по 2014 година надмина 89 долари за барел.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња