Руското јавно акционерско друштво „Сбербанк“ гради свој технопарк на просторот на иновативниот центар „Сколково“ во Москва. На меѓународниот конкурс за негова изградба победи проектот на познатото британско биро Zaha Hadid Architects.
Технопаркот всушност ќе биде десеткатница со површина од 266 илјади квадратни метри во вид на голема стрела. Во нејзината внатрешност може да се сместат повеќе од 14 илјади вработени.
Во центарот на футуристичката зграда со хармонични линии карактеристични за бирото ќе има огромен атриум со стаклен покрив-купола која ќе се потпира на големо дрво-столб со висина 50 метри.
Покрај деловните зони, во зградата ќе има 24 кафулиња и ресторани, библиотека, хотел и сала за спорт и јога.
Зоните за одмор и рекреација се предвидени на последниот кат.
Дел од канцелариите и зоната за одмор ќе се менуваат, формирајќи долг синџир.
Паркот ќе има и зимски градини со живо зеленило.
Околу зградата е предвиден простор за шетање, кој се состои од парк со округли падини и фонтани и овално езерце.
Ова е еден од последните проекти на познатото биро на кое работеше лично легендарната Заха Хадид.
Технопаркот треба да биде изграден до крајот на оваа година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче