Сликата e симболична
Lothar Ferstl / dpa/Global Look PressСпоред Руденко, во овој момент стручњаците договараат изградба на две куќи во градот Сокол. Ако добијат дозвола во оваа област, до крајот на годината би можеле да никнат дрвени четирикатници. Претходно се зборуваше за изградба на дрвена куќа со апартмани во Москва, но засега таа иницијатива е одложена, пренесува „Росијскаја газета“.
„Многумина веруваат дека е опасно да се живее во дрвена куќа поради ризикот од пожар. Но, гледано од научен аспект, не е сé баш така. Јагленисувањето почнува на 270 степени Целзиусови, односно дрвената конструкција сигурно нема да букне од искра“, објаснува упатениот стручњак Владимир Стојанов од Асоцијацијата за изградба на дрвени куќи.
Како што објасни тој, за време на пожар дрвото не ја губи цврстината. Конструкцијата се подгорува, но однатре е и понатаму цврста. Притоа металот при пожар ја губи цврстината.
Според Руденко, интерес за изградба на дрвени куќи веќе има на Сахалин, во Краснојарскиот крај, Мурманската и Иркутската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче