Цената на најевтиниот стан во Москва на крајот на 2021 година изнесува 2,5 милиони рубли, соопшти за медиумите веб-сајтот за огласи „Авито Недвижимост“.
Станот има 10 метри квадратни, се наоѓа недалеку од метро станицата „Нижегородскаја“, на прв кат во 11-катница изградена 1983 година.
„Во моментов станот што се продава нема тоалет. Продавачот ветува дека ќе го изгради кога ќе се договори со купувачот за продажба“, објаснуваат од компанијата.
Исто така, меѓу најевтините московски станови е и гарсоњера од 13,2 квадрати за 2,8 милиони рубљи (33,6 илјади евра). И овој стан се наоѓа на југоистокот на Москва, во реонот на метро-станицата „Стахановскаја“.
На третото место меѓу најевтините станови се најде стан од 15 квадратни метри за 2,85 милиони рубљи (34,2 илјади евра).
Просечната цена на квадратен метар во Москва е 467320 рубли (околу 5600 евра).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче