„Во моментов „Гаспром Електрохолдинг“ разгледува неколку перспективни платформи, во тек се претпроектни работи, по што ќе се земе на разгледување приоритетниот проект на ветерната електрана со инсталирана моќност од 100 мегавати“, нагласи првиот човек на српската компанија-ќерка на ГЕХ Павел Сергеев.
Тој додаде дека општина Панчево, во која „Гаспром енергохолдинг“ гради термоцентрала, се наоѓа во зона на голем потенцијал на ветрот. Според него, на регионот може да се гледа како на современ енергетски кластер кој во себе ги спојува предностите на гасната и „зелената“ генерација.
„Гаспром енергохолдинг“ е вертикално интегрирана холдинг компанија (сто отсто ќерка-компанија на ПАО „Гаспром“), управува со производствените компании на групата „Гаспром“ според единствени корпоративни стандарди.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче