„Сега е подготвен нацрт меѓувладин договор, кој е прифатен и од руската и од српската страна. Ние молиме, доколку е можно, овој меѓувладин договор да го потпишете следната недела. Би сакале да ве замолиме за поддршка вас, Михаил Владимирович, и вас, госпоѓо Брнабиќ, да го финализирате меѓувладиниот договор и да [го] потпишете во текот на неделата или до крајот на годината“, изјави Зубихин на маргините на меѓународниот експертски форум „Произведено во Русија - 2021 година“ (Сделано в России – 2021), кој од 10 декември се одржува во Москва.
Проектот „Белградски дијаметри“ опфаќа изградба и модернизација на 222 километри железнички пруги, реконструкција на 74 станици и испорака на 39 електрични возови „Ласточка“. Се проценува дека проектот ќе биде вреден 1,2 милијарди евра.
Во рамките на проектот се планира воспоставување на железнички сообраќај меѓу приградските населби околу Белград, а исто така и изградба на линија за експресни возови што ќе го поврзат главниот град на Србија со аеродромот „Никола Тесла“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче