Притоа се увезени 1,188 милијарди киловат-часови, односно 23,5% повеќе во однос на истиот период лани.
„Економските показатели за извозот од Русија во деветте месеци од 2021 година го достигнаа максималното ниво во последните 10 години“, наведува компанијата.
Меѓу главните фактори кои ја детерминираа динамиката на извозот на електрична енергија во Финска и балтичките земји се наведуваат растот на потрошувачката во услови на студена зима и пролет 2021 година, како и топлото лето кое предизвика намален проток на вода и намалено производство во парковите за производство на електрична енергија од ветар.
Уште еден фактор е порастот на цените на енергенсите и цената на таксите на емисијата на CO2 во Европа.
„Интер РАО“, единствената компанија во Русија задолжена за извоз и увоз на електрична енергија, управува со активите во Русија, како и во земјите од Европа и Заедницата на независни држави. Вкупниот капацитет на електраните на компанијата е 30,7 гигавати.
На почетокот на октомври Русија го зголеми извозот на електрична енергија во Кина за 90%.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче