Руските геолози знаат како да го спречат крајот на нафтената ера

Allexander Makarov/Russian Look/Global Look Press
„Светскиот океан е испитан само десет отсто, односно ние, во суштина, едноставно не сфаќаме до крај какво богатство имаме“, рече генералниот директор на рускиот државен геолошки холдинг „Росгеологија“.

Генералниот директор на рускиот државен геолошки холдинг „Росгеологија“ Сергеј Горков изјави во интервју за порталот РБК дека нафтата ќе ја има онолку колку што ќе бидат развиени технологиите.

Како што истакна Горков, во последно време нема нови големи наоѓалишта, а компаниите не добиваат суровини во епиконтиненталниот појас на длабочина поголема од 500 метри.

„Светскиот океан е испитан само десет отсто, односно ние, во суштина, едноставно не сфаќаме до крај какво богатство имаме“, рече Горков.

Првиот човек на „Росгеологија“ укажа на истрошеноста на истражените резерви на минерални суровини во Русија. „Се движиме по инерција. А што ќе  биде по триесет години“, се прашува тој.

Горков исто така понуди одговор на прашањето на кој начин може да се спречи крајот на ерата на нафтата, истакнувајќи дека компаниите мораат да развиваат технологии.

Во Русија профитабилни резерви на нафта со примена на актуелните технологии на вадење ќе има во најдобар случај во наредните 21 година. Ова во септември го изјави вршителот на должноста директор на „Роснедр“ Евгениј Петров. Како што истакна тој, тој период ќе се зголемува согласно мерките за подобрување на начинот на експлоатација на тешките за ископување резерви. Петров го гледа Западен Сибир како најперспективниот регион за истражување на резервите на нафта.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња