Златните и валутните резерви на Русија поставија нов историски рекорд

Global Look Press
Русија е во Топ-5 лидери во однос на меѓународните резерви, заостанувајќи само зад Кина, Јапонија, Швајцарија и Индија, покажуваат податоците на Сметковна комора по извршената ревизија на управувањето со златните и девизните резерви.

Ревизорите соопштуваат дека „обемот на меѓународните резерви на Русија надминува 618,2 милијарди долари (заклучно со 1 септември 2021 година)“, што е „историски рекорд - за целото постоење на Банката на Русија не се постигнати такви показатели“, пренесува РИА „Новости“.

Според Сметковната комора, од почетокот на 2015 година резервите се зголемени за 235 милијарди долари: „Во моментов Русија го зазема петтото место во светот според обемот на меѓународните резерви. Пред неа се само Кина, Јапонија, Швајцарија и Индија“, пишува „Взгљад“.

Од комората истакнуваат дека во последниве години Русија значително го зголемила уделот на злато во своите меѓународни резерви - од 7,8% на почетокот на 2014 година на 23,3% на крајот на 2020 година.

„Освен злато и девизи, руските резерви вклучуваат и специјални права на позајмување – резервно платежно средство емитирано од Меѓународниот монетарен фонд. Нивниот износ исто така е значително зголемена: од 7 милијарди на 24,6 милијарди долари“, се вели во соопштението.

Сметковната комора истакнува дека Банката на Русија ги постигнала целите на управување со резервите, обезбедувајќи оптимална комбинација на нивната безбедност, ликвидност и профитабилност. Регулаторот создал „клучни елементи за управување со девизните резерви, спроведе мерки за подобрување на регулаторната и методолошката база, создадени се услови за извршување на доделените функции“.

Врз основа на резултатите од експертско-аналитичкиот настан, Сметковната комора испрати информативни писма до Банката на Русија и Владата, во кои се формулирани предлози за подобрување на правната регулатива на системите за управување со меѓународните резерви на Русија.

Според податоците на Централната банка, меѓународните резерви на Русија заклучно со 1 октомври изнесуваат 614,122 милијарди американски долари.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња