Русија ѝ помага на Европа со испораки на дефицитарен јаглен

Christian Thiele / dpa/Global Look Press
Русија ги зголеми испораките на јаглен за Европа за 12%.

Обемот на испораки на руски јаглен во Европа во 2021 година е зголемен за 12% во однос на претходната година. Ова го соопшти министерот за енергетика на Русија Николај Шуљгинов во интервју за тв-каналот „Русија 24“. Испораките се зголемени поради дефицитот на јаглен и другите енергенси во регионот.

„Генерално испораките на јаглен се поголеми од минатата година и сега се зголемени дури и кон Европа за 12% во однос на истиот период минатата година, како и кон Азиско-тихоокеанскиот регион“, изјави рускиот министер за енергетика. Шуљгинов потсети дека Русија ќе продолжи да биде сигурен снабдувач на другиот дефицитарен енергенс - гасот. Во октомври „Гаспром“ почна да користи резерви од своите складови за да може да испорачува повеќе гас во Европа.

Покрај тоа, Русија почна да ѝ помага на Кина, која исто така се соочи со енергетска криза. Според Шуљгинов, испораките на електрична енергија за таа земја во октомври се речиси двојно зголемиле. „Испораките за Кина се зголемени за 90 проценти во однос на претходниот месец. Засега тоа е барање што се однесува на само еден месец: октомври“, рече тој. Министерот додаде дека, доколку Кина испрати нови барања, испораките ќе продолжат, но нивниот обем ќе зависи од техничките можности на Русија. „А што се однесува до цените, компанијата „Интер РАО“ [оператор за извоз-увоз на електрична енергија во Русија] ќе најде решение“, заклучи Шуљгинов.

Европа се соочи со енергетската криза есента 2021 година. Со наближувањето на грејната сезона цените на гасот на берзата во регионот се зголемија тројно, бидејќи резервите на овој енергенс достигнаа минимално ниво, а испораките се намалија. Како резултат на тоа производителите на електрична енергија се префрлаат на други видови гориво, пред сé на јаглен, кој исто така почна да поскапува. Овие фактори предизвикаа раст на цените на електричната енергија ширум Европа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња