„Вие го довршивте вашиот дел од „Турски тек“ и сега Србија практично ја обезбеди својата енергетска безбедност во поглед на потрошувачката на гас како важно фосилно гориво во потребната и неопходна количина. Многу е добро што истовремено станавте и земја-транзитер на гас. Се надевам дека „Гаспром“ до крајот на годината ќе склучи поволен договор со вас, се надевам долгорочен, за испорака на гас во Србија“, рече тој во четвртокот на седницата на руско-српскиот меѓувладин комитет за трговска, економска и научнотехничка соработка.
„Посебно внимание заслужува завршувањето на проектот за создавање нови, потребни линии за испорака на гас за Србија и другите балкански земј“, додаде рускиот вицепремиер.
Шефот на меѓувладиниот комитет од српска страна, министерот Ненад Поповиќ, кој во српската влада е задолжен за иновации и технологии, соопшти дека преговорите за условите за испорака на гас ќе бидат продолжени на средбата на Јуриј Борисов со претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Во ова многу тешко време, кога цената на гасот скокна 10-20 пати, Русија е повторно со нас. Токму во моментов се во тек преговорите за нов долгорочен договор меѓу „Гаспром“ и „Србијагас“. И што е најважно, г-динот Борисов, големиот пријател на Србија, ме уверува дека во Србија оваа зима ќе биде топло. Се разбира, преговорите продолжуваат, се надеваме дека цената, како и секогаш, ќе биде најприфатлива за нас“, изјави тој.
Претходно српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на средбата со Борисов ќе испрати молба до рускиот претседател Владимир Путин за помош во услови на енергетска криза. Тој во вторникот рече дека енергетската криза во Европа е предизвикана од тоа што земјите не склучиле навреме долгорочни договори за испорака на гас од Русија. Вучиќ посочи дека одлуката на Србија за изградба на гасоводот „Балкански тек“ (продолжение на „Турски тек“) била паметен чекор, бидејќи овозможила да се обезбеди гас во земјата по прифатлива цена.
Гасоводот „Балкански тек“ (продолжение на „Турски тек“) беше пуштен во функција во Србија на 1 јануари 2021 година, по што во земјата почна да пристигнува природен гас од Русија. Делницата што минува низ Србија е една од двете линии на „Турски тек“, кој беше отворен на 8 јануари 2020 година и преку кој рускиот гас пристигнува во Турција, а потоа во Бугарија, Србија и Унгарија. Делницата е долга 403 километри и има капацитет од 13,9 милијарди кубни метри годишно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче