„Гаспром“ потпиша долгорочен договор на 15 години за испорака на 4,5 милијарди кубни метри гас годишно на Унгарија, се наведува во соопштението на рускиот холдинг.
„Во Будимпешта „Гаспром експорт“ и MVM CEEnergy Ltd. склучија два долгорочни договори за испорака на руски гас на Унгарија“, се наведува во соопштението. Вкупниот обем на испораките е максимум 4,5 милијарди кубни метри гас годишно, а рокот на важност на договорот е 15 години.
Унгарија веќе од 1 октомври ќе започне да добива гас од „Гаспром“ преку „Турски тек“ и гасоводот на Југоисточна Европа, истакна претседателот на управата на компанијата Алексеј Милер.
„Значајна компонента на новите договори е диверзификацијата на маршрутите за испорака. Веќе од 1 октомври Унгарија ќе почне да добива гас од „Гаспром“ преку „Турски тек“ и гасоводот на Југоисточна Европа. Тоа е овозможено во голем дел благодарение на напорите на бугарските, српските и унгарските компании во развојот на националните гасоводни системи“, рече првиот човек на „Гаспром“.
Во 2020 година „Гаспром“ ѝ испорача на Унгарија 8,6 милијарди кубни метри гас. Тоа е втор по ред показател за последните 12 години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче