Руската економија во 2020 година излезе од кризата предизвикана од коронавирусот во релативен плус, заклучуваат Лучијана Јувенал од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Галина Хејл од Универзитетот Калифорнија во Санта Круз во трудот „Надворешни сметки и кризата на COVID-19“, пишува рускиот весник „Комерсант“.
Според податоците на аналитичарите, може да се смета дека Русија е релативно во добивка според вкупниот раст на вредноста на странските активи и пасиви во 2020 година. Се објаснува дека Русија ја завршила годината со пораст на вредноста од 40 милијарди долари, главно за сметка на зголемувањето на резервите на Централната банка.
Според руските власти, руската економија брзо ќе закрепне од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Како што смета, на пример, помошникот на претседателот на Русија Максим Орешкин, на земјата ѝ остануваат буквално неколку чекори додека БДП-то не ги достигне показателите пред кризата.
Претходно претседателот на Русија Владимир Путин го коментираше процесот на закрепнување на економијата на земјата од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. „Економијата закрепнува, реалниот сектор на економијата закрепнува“, заклучи шефот на државата. Во исто време, тој истакна дека пандемијата на COVID-19 сé уште не е завршена, ниту, пак, нејзините последици се целосно отстранети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче