На рускиот Далечен Исток ќе започне програма за туристичка размена како што е Work&Travel

Legion Media
Се разгледуваат и други региони на Руската Федерација.

Федералната агенција за туризам („Ростуризм“) планира да започне програма за туристичка размена за млади на рускиот Далечен Исток, слична на американската програма Work&Travel. Ова го соопшти заменик-раководителот на „Ростуризам“ Елена Лисенкова на сесијата на VI Источен економски форум насловена како „Економија на среќа: Општествени иницијативи за развој на регионот“.

„Не е лесно да се привлече младината да заснова работен однос на рускиот Далечен Исток. Една од иницијативите што планираме да ја започнеме е воведување на програмата Work&Travel во Русија, во рамките на која на младите им нудиме можност да одат на рускиот Далечен Исток и да работат извесно време под прифатлив договор за вработување и да патуваат на Далечниот Исток, бидејќи многумина би сакале барем еднаш во живото да го посетат овој регион. Тоа е, во извесна смисла, колективен назив за сите атрактивни и уникатни места во нашата земја, од кои повеќето се наоѓаат на рускиот Далечен Исток. А тогаш можеби ќе се и вљубат во овој регион и ќе останат тука“, рече таа.

Лисенкова прецизира дека програмата е сé уште во фаза на развој и дека е планирана за 2022 година. Се разгледуваат и други региони, а планирано е оваа програма да се вклучи и во националниот туристички проект.

Кон крајот на април започнувањето на програмата го најави Зарина Догузова, раководителка на „Ростуризам“. Како што истакна таа, оваа програма ќе започне во 2022 година и во нејзини рамки младиот стручњак ќе може да потпише договор кој подразбира работа за работодавачот, но и одмор на оваа уникатна територија на сметка на работодавачот.

VI Источен економски форум (ИЕФ) се одржува во Владивосток од 2 до 4 септември во хибриден формат. Главната тема на деловниот дел од програмата е „Нови можности за рускиот Далечен Исток во светот што се менува“. Покрај основните настани, ќе се одржат и „Младински ИЕФ“ и „ИЕФ Јуниор“, како и изложбата „Улицата на рускиот Далечен Исток“. Организатор на форумот е Фондот „Росконгрес“. Информативната агенција ТАСС е генерален медиумски партнер и официјална фотохост-агенција агенција на овој форум.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња