Шојгу: На форумот „Армија 2021“ склучени договори во вредност од над 5,7 милијарди евра

Global Look Press
Министерот за одбрана на Русија ја соопшти вредноста на договорите склучени во рамките на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2021“.

На завршениот Меѓународен военотехнички форум „Армија 2021“ беа склучени 45 државни договори во вредност од преку 500 милијарди рубли (преку 5,7 милијарди евра). Ова го соопшти министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

„Склучени се 45 државни договори во вредност од преку петстотини милијарди рубли. Напоменувам дека на форумот може да се види најновото руско вооружување кое веќе пристигнува во состав на војската“, рече министерот.

Шојгу додаде дека на форумот учествувале претставници на 117 земји, а од 36 земји пристигнале претставници на највисоко ниво. На форумот беа претставени преку 28 илјади модели техника – како за воена, така и за двојна намена, истакна министерот.

VII Меѓународен военотехнички форум „Армија 2021“ беше затворен на 28 август. Во текот на работата на форумот неговата програма ја посетија 1702564 луѓе.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња