Како што пишува EADaily, од добиените пари „Булгартрансгас“ планира делумно да ги исплати долговите кон конзорциумот „Акард“, кој го изгради продолжението на „Турски тек“ преку Бугарија до Србија, како и да ги исплати кредитите земени за овој проект. Кога станува збор за долгорочни плаќања, бугарската компанија на тој начин ќе заштеди 106 милиони евра што му ги должеше на „Акард“.
Што се однесува до продолжението на „Турски тек“ од Србија до Унгарија, главните испораки ќе започнат на 1 октомври, кога ќе биде пуштен во функција интерконекторот изграден меѓу Србија и Унгарија. До октомври истекуваат договорите за испорака на руски гас на Унгарија преку Романија и страните планираат потпишување нов 15-годишен договор за испорака на 6 милијарди кубни метри годишно.
Дотогаш, во текот на август, Унгарија ќе продолжи да добива гас од „Турски тек“ преку Романија, што е овозможено благодарение на повратните испораки на гас преку делницата на Трансбалканскиот гасовод.
На унгарската платформа RBP се одржа аукција на „Булгартранзитгас“ за продажба на капацитети на пунктот „Негру вода/Кардам“ од Романија. Од понудените 13,2 милиони кубни метри дневно за август се откупени 11,6 милиони кубни метри.
Според порталот EADaily, Романија од април целосно се префрли на јужниот правец на увоз на руски гас. Производството на гас во земјата е намалено и од почетокот на годината до крајот на јули на Романија ѝ беа продадени над 1,4 милијарди кубни метри руски гас. Тоа е веќе 1,5 пати повеќе отколку во текот на целата минатата година. Овој премин на Унгарија и Романија на „Турски тек“ му одговара на „Гаспром“, бидејќи компанијата го оптимизира транзитот на гас преку Украина. Оваа година договорените количини беа намалени од 178 милиони кубни метри на ден на 110 милиони кубни метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче