„Руските вакцини се халал“: арапски земји заинтересирани за вакцини кои исламскиот закон ги одобрува

AP
Благодарение на заклучокот за канонска дозволеност на руските вакцини против коронавирусот за верниците во исламот, Русија во моментов преговара со многу арапски земји за употреба на овој препарат, соопшти заменик-претседателот на Духовната управа на муслиманите на Русија Рушан Абјасов.

„Во моментов е во тек интензивен дијалог со државните структури на многу исламски земји по повод примената на руски вакцини против КОВИД-19 на нивна територија, а суштински поттик за овој дијалог во оваа ситуација дава теолошкиот заклучок (фатвата) на нашиот Совет на улемите за канонска дозволивост, односно халал, на руските вакцини, вклучувајќи ја и „Спутник V“ , изјави Абјасов на заседанието на меѓународниот економски самит „Русија - исламски свет: KazanSummit 2021“ на тема „Медицината во услови на COVID-19“.

Наведениот богословски заклучок им дава на муслиманите во Русија и во странство дополнителен аргумент во корист на вакцинацијата. Меѓу другото, според Абјасов, тоа е став на раководството на управата за контрола на производи и лекови на најголемата муслиманска земја во светот - Индонезија.

Претходно микробиологот на руското Министерство за здравство, професорот Роман Козлов, изјави дека повеќето научници не користат компоненти на свињи при изработка на вакцина. Затоа, може да се каже дека овој производ е дозволен за муслиманите, односно е халал. Така тој ја коментираше веста дека ќе се провери дали вакцината „Спутник V“ одговара на барањата на исламот.

Во февруари заменик-претседателот на Духовната управа на муслиманите (ДУМ), муфтијата Илдар Аљутдинов, изјави дека ДУМ на Русија добила од производителот на вакцината „Спутник V“ податоци за нејзиниот состав и дека според прелиминарните податоци во неа нема ништо што би било забрането за муслиманите.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња