Русите накупуваа тони злато

Getty Images
Од почетокот на оваа година руските граѓани побрзаа да купат злато: популарни се како накитот и монетите, така и прачките. Само од почетокот на 2021 година Русите купија 11,8 тони од овој благороден метал.

Во првиот квартал од 2021 година побарувачката скокна за прв пат од почетокот на годината за девет проценти во однос на истиот период лани.

Директорот на одделението за развој на инвестициски решенија и премиум бизнис во „Росбанк“ Дмитриј Енуков објасни дека интересот за злато е зголемен во контекст на нестабилноста на пазарите, додека благородниот метал традиционално се смета за безбеден имот. Експертот смета дека зголемената побарувачка на злато во Русија ќе продолжи и во иднина.

Уште една причина за зголемување на побарувачката може да биде дедоларизацијата на руската економија. Фондот за национална благосостојба ја исклучи од својата структура американската валута, која претходно сочинуваше 35% од активата. Активите номинирани во долари беа распродадени на почетокот на јули. „Како резултат на тие операции од структурата на Националниот фонд за благосостојба е исклучен доларот, уделот на фунтата стерлинг е намален на 5 проценти, уделот на еврото е зголемен на 39,7 проценти, уделот на кинескиот јуан на 30,4 проценти, а уделот на јапонскиот јен изнесува 4,7 проценки, додека уделот на златото е 20,2 проценти“, истакнува Министерството за финансии на РФ.

Претходно беше соопштено дека во Русија побарувачката на злато во трговијата на мало скокнала во 2020 година во споредба со 2019 година за 37 проценти. Руските граѓани за време на пандемијата на коронавирусот купија пет тони злато, додека тој показател во 2019 година изнесуваше 3,7 тони. Оваа тенденција се објаснува со поскапувањето на благородниот метал, падот на вредноста на домашната валута и геополитичката неизвесност.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња