Бајатовиќ претходно соопшти за РИА „Новости“ дека првите испораки на руски гас во Унгарија и понатаму во Европа преку Турција, Бугарија и Србија се очекуваат од 1 октомври.
„На тој начин ставивме точка на повеќегодишната голема работа. Нашата земја конечно го реши прашањето на снабдување со гас од друг правец, а не само преку Украина. Никој во Србија повеќе нема да мрзне, а цената на гасот за домаќинствата нема да се менува годинава“, изјави Бајатовиќ, пренесува РТС.
Претставникот на унгарската компанија FGSZ Ференц Саболч го нарече спојувањето на двата гасовода на границата „златно“ и истакна дека тој значи дека проектот наскоро ќе биде завршен и ќе започне испораката на гас.
Денес Русија фактички е единствениот снабдувач со природен гас на Србија. Последниве години Србија добиваше преку 2 милијарди кубни метри руски гас од гасоводот преку Украина и Унгарија. На 1 јануари рускиот гас беше официјално пуштен во гасоводниот систем на Србија преку Бугарија од гасоводот „Турски поток“. Како што за РИА „Новости“ соопшти компанијата-оператор „Гастранс“, во првата фаза гасоводот ќе транспортира околу 4 милијарди кубни метри гас годишно, што во целост ќе ги покрие потребите на Србија од природен гас.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче