Електричната енергија за населението е најскапа во Германија. Следат Данска, Белгија, Ирска и Шпанија, покажува истражувањето на РИА „Новости“.
„Главниот фактор што ги одредува високите тарифи во развиените европски земји е значителниот удел на данокот во цената на електричната енергија. Една од причините за таквото оданочување е, пред сè, поддршката за развој на „зелената“ енергетика. Овие земји интензивно развиваат обновлива енергија и се обидуваат да се откажат од употребата на нуклеарни централи“, наведува експертот.
Покрај тоа, високото ниво на цените во развиените земји е можно поради високот ниво на приход на населението. Надлежните органи можат да ги држат тарифите на високо ниво, без да стравуваат од социјални немири.
„Во споредба со минатата година, во повеќето европски земји е забележан пораст на цените на електричната енергија. До поскапување дојде во 24 од 40 земји на ранг-листата. Најголем пораст на цената на струјата за населението е забележан во Украина, Казахстан, Полска, Турција и Луксембург. Во тие земји поскапувањето беше над 10%“, истакнуваат експертите.
Цените паднаа во 16 земји. Најзначајното намалување е забележано во Холандија (-33,8%), на Кипар (-24,1%) и во Шведска (-19,9%). Во Русија струјата поскапе за 3,8%, што не ја надминува стапката на инфлација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче