Србија и Русија преговараат за испорака на руски патнички авиони Sukhoi Superjet 100

Marina Lystseva / CC BY-SA 3.0
Русија и Србија ја разгледуваат можноста за испорака на руски патнички авиони Sukhoi Superjet 100 (SSJ-100), но сé уште немаат започнато преговори за договор.

Ова на новинарите им го соопшти министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров. Според него, Русија засега во принцип не води интензивни преговори за извоз на овие авиони.

„Ние засега не водиме интензивни преговори што се однесува до бројните испораки во странство со оглед дека е во тек реализација на договорот за испорака на авионите на домашниот пазар... Што се однесува до Србија: да, навистина со колегите буквално на Петербуршкиот меѓународен економски форум го продолживме разговорот за можна испорака на помал број на SSJ-100, но сé уште сме во фаза на склучување договор“, истакна Мантуров.

Во 2019 година беше соопштено дека „Цивилни авиони „Сухој“ и националната авиокомпанија на Србија Air Serbia ја разгледуваат можноста за испорака на авиони Sukhoi Superjet 100 заради обнова на флотата на српскиот авиопревозник.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња