„Русија редовно ја зголемува својата ресурсна база на злато. Конкретно, од 2010 година порастот на резерви на благородни метали беше околу шест илјади тони. Во текот на последните десет години почнаа да функционираат три големи наоѓалишта: Наталкинското и Павлик во Магаданската област, Грос во Јакутија, Вернинското во Иркутската областˮ, изјави Александар Козлов.
Според него, за експлоатација се подготвуваат и наоѓалиштето „Сухој Логˮ во Иркутската област и неколку големи наоѓалишта на Далечниот исток.
Претходно министерот за природа соопшти дека на Арктикот расте производството на злато и бакар. Анализата на двесте вида руда на територијата на арктичката зона на Русија покажа дека најмногу потенцијал за експлоатација имаат 13 руди. Нивната експлоатација е можна во наредните 10-15 години. Денес на Арктикот веќе се произведуваат 10% од нафтата што се произведува во светот и 25% од природниот гас, рече министерот за природни ресурси и екологија на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче