Русија и Македонија во Санкт Петербург дискутираа за развој на соработката во земјоделството

Егор Алеев/TASS
На Санктпетербуршкиот економски форум се одржа средба меѓу вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси на РСМ Љупчо Николовски и заменикот-министерот за земјоделство на Руската Федерација Сергеј Левин.

На средбата се дискутираа актуелни прашања поврзани со соработката во областа на земјоделството меѓу двете земји.

Минатата година прометот на земјоделски производи меѓу Русија и Македонија се зголеми за 14% на 53 милиони долари. Годинава продолжува позитивниот тренд - за четири месеци обемот на трговијата се зголеми за 10% и изнесува нешто повеќе од 18 милиони долари. Русија ја снабдува Македонија со леќа, овошје, ореви и кондиторски производи.

Перспективните правци на соработка вклучуваат извоз на руски житарици и мешунки, како и на хранливи масти и масла. За време на состанокот страните разговараа за обезбедување пристап до прехранбени производи на пазарите на двете земји, соопштува Министерството за земјоделство на Руската Федерација.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња