„Руска чашка“: Сладоледот од Русија сé повеќе баран во странство

Комсомолскаја Правда/Global Look Press
Во првото тромесечје годинава извозот на сладолед од Русија порасна за повеќе од 60 отсто. Заработката во овој сегмент на надворешната трговија достигна 14 милиони долари. Ледениот десерт најмногу го пазареа Американците (пет милиони долари).

Така САД станаа најголемиот купувач на руски сладолед во светот, истакнува федералната државна буџетска установа „Агроекспорт“ која работи при Министерството за земјоделство на РФ.

На второ место е Кина, земјата во која во периодот од јануари до март е испорачан сладолед во вредност од 2,6 милиони долари (66 отсто повеќе од лани).

Меѓутоа, гледано во однос на купената количина сладолед, на второ место се наоѓа Казахстан. Само во текот на јануари и февруари оваа година во таа земја се извезени 986 тони сладолед во однос на 576 тони колку што набави Кина.

Според Игор Московцев, генерален директор на Кореновскиот млечен комбинат, еден од најголемиот руски производители на сладолед, во извозната понуда се наоѓа истиот асортиман што се продава во земјата.

„Најтипичниот руски сладолед, чашката, во странство се нарекува „руска чашка“. Затоа овој вид сладолед е базен производ. Во традиционалните руски сладоледи спаѓа и „лакомка“ (сладокусец), омилен меѓу оние што се родени на постсоветските простори. Странците повеќе сакаат корнети, како и сладолед со различни комбинации на вкус“, наведе Московцев за MilkNews.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња