Количините течен природен гас ќе бидат распоредени меѓу учесниците во проектот „Арктик ТПГ-2“ пропорционално на нивното учество. Како што истакна „Новатек“, продажбата започнува 2023 година, кога ќе биде пуштена во работа првата технолошка единица на фабриката.
Исто така е објавено дека проектот „Арктик ТПГ-2“ ќе биде финансиран од низа руски банки. „Сбербанк“, „Гаспромбанк“, Bank GPB International S.A., ВЕБ и банката „Откритие“ ќе издвојат вкупно 3,11 милијарди евра за изградба на претпријатието. Кредитната линија ќе биде отворена 15 години.
Покрај тоа, „Новатек“ со еден од учесниците во заедничкиот потфат склучи договор Total за купување на 10% удел во компанијата „Арктик Перевалка“. Оваа структура ќе биде оператор на два терминали за течен природен гас кои се градат на Камчатка и во Мурманската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче