„Руски железници“ нудат алтернатива: Двојно побрз превоз на стоки отколку преку Суецкиот канал

Константин Михаљчевски/Sputnik
Транспортот на стоки на релација Европа - земјите од Персискиот Залив преку Меѓународниот транспортен коридор Север - Југ и руската железница е двојно пократок отколку кога се користи Суецкиот канал.

Ова на брофинг го изјави заменик-генералниот директор на „Руски железници“ Алексеј Шило.

Разгледувањето на рути алтернативни на Суецкиот канал е актуелизирано откако на крајот на минатиот месец огромен брод за контејнерски превоз неколку дена ја блокираше овој водна артерија. Меѓународниот транспортен коридор Север-Југ е мултимодална рута од Санкт Петербург до пристаништето Мумбај во Индија во должина од 7200 километри. Тој претставува алтернатива на морскиот пат што ги поврзува Европа и земјите од Персискиот Залив и Индискиот Океан преку Суецкиот канал. Постојат три рути на Меѓународниот транспортен коридор. Транскасписката, на која се користат железница и пристаништа, и две копнени, западната и источната.

„Кога зборуваме за рускиот дел од трасата, во овој момент имаме многу варијанти за преземање на таа роба (што се транспортира преку Суцекиот канал). Тоа е мултимодален превоз со користење на Каспиското езеро и понатаму работа на нашите руски пристаништа на Каспиското езеро. Исто така на пристаништето Оља. Инфраструктурата е подготвена да го обезбеди тоа“, рече Шило за една од рутите.

На западната рута  за директен железнички сообраќај не е доволна линијата Рашт - Астара (Иран) - Астара (Азербејџан). Шило рече дека во рамките на програмата за инвестиции на „Руски железници“ постојат планирани средства за модернизација на рускиот граничен премин со Азербејџан, нагласувајќи дека граничните премини нема да го ограничуваат превозот. Засега за испорака на товар се користи мултимодална рута која подразбира патен транспорт во делот каде што нема железница во Иран, потоа претоварување во азербејџански вагони на границата и заминување на територијата на РФ.

Како што истакна Шило, од гледна точка на тарифните и технолошките решенија, „Руски железници“ направија апсолутно сè за транспорт преку коридорот Север-Југ. „Знам дека нашите европски партнери имаа цела низа преговори, пред сé со Финска, во врска со испораката на целулоза во Иран. Но, засега таков превоз немаше. Ако зборуваме за обемот, тој е минимален во дадениот правец, иако ние, од своја страна, направивме многу за да се развие таа рута“, нагласи тој.

За испорака Иран-Финска, тој даде пример за можната брзина на транспортот по Меѓународниот транспортен коридор Север-југ. Така, транспортот преку Руската Федерација би траел пет дена, а преку Азербејџан два, и „понатаму треба да се види точката од која ќе се реализира транспортот во самиот Иран“.

„Ако биде тоа патен транспорт, треба да се смета уште пет дена со цел товарот да биде доставен до границата со Азербејџан. Соодветно на тоа, во опсег од 13 до 14 дена би траел транспортот што ние, заедно со нашите партнери, би можеле да го обезбедиме преку рутата Север-Југ. Во секој случај, тоа е двојно побрзо од испораката на истата роба по морски пат“, рече тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња