Компанијата X5 Retail Group, која управува со трговските синџири „Пјаторочка“, „Перекрјосток“ и „Карусељ“, „Сбер“ и Visa во Русија покрена сервис за плаќање на робата со поглед на касите за самопослужување во синџирите на „Пјаторочка“ и „Перекрјосток“, се вели во соопштението на Х5.
„Биометриската идентификација на каса за самопослужување е реализирана врз база на разработка и технологии на Лабораторијата за иновации на Х5 и технологиите на VisionLabs. Новиот начин на плаќање до крајот на овој месец ќе биде достапен во 150 супермаркети на трговскиот синџир „Перекрјосток“, а во април во сервисот ќе се приклучат неколку продавници од синџирот „Пјаторочка“ во Москва. Visa е стратешки партнер на проектот“, се наведува во соопштението за печатот.
Сервисот е достапен за клиентите на „Сбербанк“. За употреба на оваа технологија е потребно во мобилната апликација на банката да се избере соодветната ставка и да се наведе картичката од која ќе се симнуваат средствата. Исто така, за плаќање со поглед на касите за самопослужување во продавниците на Х5 по скенирањето на робата треба да се избере соодветниот режим, неколку секунди да се симне маската и да се погледне во камера.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче