Во светот сé повеќе се купуваат руски прехранбени производи

Побарувачката на руски прехранбени производи во светот стана голема. Извозот и увозот на храна речиси се изедначени. Кина, Турција и Египет се трите главни купувачи.

Во текот на првите два месеца од годината Русија извезла 35,8 отсто земјоделски производи повеќе отколку во истиот период лани. Според анализата на Федералниот центар за развој на извозот во агроиндустрискиот комплекс (ФГБУ „Агроекспорт“) при Министерството за земјоделство, остварен е приход од преку четири милијарди долари.

Странците почнаа да купуваат од Русија повеќе пченица (2,1 пати), сончогледово и други растителни масла (за 6,3 отсто), како и месо и млеко (за 33,7 отсто). А риба и морски производи, напротив, почнаа помалку да се бараат (за 25,7 отсто). Причина е пандемијата на коронавирус, затоа што Кина ги забрани испораките откако наводно беше пронајден вирус во тие производи.

Меѓу трите најголеми купувачи се наоѓаат Кина, која од почетокот на годината го зголеми увозот за речиси 30 отсто, Турција (за 40 отсто) и Египет (1,5 пати). Во првите десет влегуваат уште и Европската Унија, Јужна Кореја, Азербејџан, Украина, Пакистан, Узбекистан и Монголија.

Русија минатата година продала прехранбени производи во вредност од 30,5 милијарди долари, а 2019 година во висина 25 милијарди долари.

Минатогодишниот принос на жито беше втор по обем што кога било е остварен во Русија. Соборен е рекордот во вкупен извоз на роба која не спаѓа во суровини. Постои простор за раст. Најважно е новата аграрна сезона да не разочара и да има доволно храна и за домашните потреби и за светот, пренесуваат руските медиуми.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња