Ова во интервју за телевизиската станица „Русија 24“ го изјави заменик-министерот за индустрија и трговија на РФ Александар Морозов.
„Извозот на земјоделска механизација и минатата година беше рекорден. Тој порасна за 30 отсто и надмина 16 милијарди рубли. Денес ги извезуваме нашите познати трактори „Кировец“ и познатите комбајни, да речеме, на „Ростселмаш“ во Германија, Австрија и Канада. И се надевам дека конечно ќе се вратиме во Австралија догодина“, рече тој.
Како што истакна Морозов, задачата што беше пред инженерите на земјоделска механизација подразбираше подготовка на нова линија современа техника. Таа линија стана база за враќање на руските комбајни и трактори на меѓународниот пазар, нагласи тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче