Руски „Гаспром“ сериозно ги зголеми испораките на гас во странство

Nord Stream AG/Global Look Press
Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ им испорача на земјите во странство, не сметајќи ги поранешните советски републики, во периодот од 1 до 15 јануари оваа година 9,1 милијарди кубни метри гас, што е за 41,5 отсто повеќе од истиот период лани. Притоа Германија ја зголеми набавката на гас за 32,1 отсто, Италија за 139,7, Турција за 8,7, а Австрија за 11,7 отсто, соопштува руската компанија.

Испораките на гас во странство изнесуваат 9,1 милијарда кубни метри. Тоа е 41,5 отсто (за 2,7 милијарди кубни метри) повеќе отколку во периодот од 1 до 15 јануари 2020 година, и втор по големина показател во историјата на извозот на компанијата, се наведува во соопштението.

„За поголеми купувачки се определуваат меѓу другите, толку големите потрошувачи на рускиот гас како Германија (за 32,1%), Италија (за 139,7%), Турција (за 8,7%), Австрија (за 11,7%), Франција (за 51,6%), Холандија (за 21,2%), Полска (за 62,6%) и Унгарија (за 298,4%)“, наведува руската компанија.

Извозот на „Гаспром“ во странство 2020 година е намален за околу 10 отсто, до 179,3 милијарди кубни метри гас. Притоа минатогодишниот резултат влегува во петте најдобри во текот на целокупното постоење на компанијата. Во 2020 година девет европски земји ја зголемија набавката на гас од „Гаспром“ во споредба со 2019 година, а меѓу нив се Турција, Грција, Белгија и Данска.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња