Вредноста на руската рубља во однос на американскиот долар е значително потценета, сметаат експертите на магазинот „Економист“, засновајќи го својот став врз обновената верзија на „индексот на биг мек“.
„Индексот на биг мек“ се заснова на претпоставката дека исти производи треба исто да чинат во сите земји на светот, а ако тоа не е случајот, заклучокот е дека курсот на локалната валута е потценет или, пак, преценет.
Во овој момент обичниот биг мек во САД во просек чини 5,66 долари, додека во Русија неговата цена е 135 рубли. За да чини бургерот исто во двете земји, вредноста на доларот треба да биде 23,85 рубли, додека во реалноста таа е трипати поголема.
Тоа значи дека курсот на рубљата е помал за 68 отсто од реалниот, бидејќи еден биг мек во Русија чини 1,81 долар, а не 5,66 долари (магазинот го проценува доларот на 74,63 рубли, додека официјалниот курс на Централната банка на РФ беше околу 74,27 рубли), пишува весникот „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче