Во Србија потече гас преку „Турски тек“

Gazprom/Instagram.com
На 1 јануари 2021 година претседателот на Србија Александар Вучиќ свечено ја пушти во работа српската делница на „Турски тек“, гасовод кој е спроведен преку целата земја, од бугарската до унгарската граница.

„Ова е од огромно значење за Србија. Владата ќе најде решение како да го направи гасот достапен за сите граѓани. Благодарение на Русија ја осигуравме својата гасна стабилност. Ова е важен ден за нашата земја“, изјави Вучиќ. Тој ја прегледа опремата на гасоводот и разговараше со руските работници на руски јазик.

„Да живее пријателството на Русија и Србија“, рече Александар Вучиќ. На церемонијата на пуштање на гасоводот во работа присуствуваше амбасадорот на Русија во Белград Александар Боцан-Харченко. „Ова е навистина најдобриот подарок [кој го покажува] огромниот прогрес во билатералните односи. Овој гасовод ќе ѝ обезбеди на Србија енергетска стабилност. Можностите поврзани со оваа инфраструктура во целост одговараат на правците на енергетски развој на земјите што ги спомена претседателот на Србија. Земјата ќе стане уште попривлечна за инвеститорите“, нагласи шефот на дипломатското претставништво на РФ во Белград.  

Благодарение на овој гасовод Србија може да го наплатува транзитот на гас во двата правци и од тоа да оствари профит. Воедно повеќе не зависи од испораките на гас преку Украина. Српската делница на гасоводот е дел од магистралата „Турски тек“. Тоа е проект на руската компанија „Гаспром“ и турската компанија „Боташ“ кој има за цел да обезбеди стабилно снабдување со гас на Турција, како и на Јужна и Југоисточна Европа. Гасоводот спроведен низ Србија е долг 403 километри.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња