Уделот на странски инвестиции на рускиот Далечен Исток порасна шеснаесет пати

Legion Media
Уделот на директни инвестиции на рускиот Далечен Исток од 2013 година порасна шеснаесет пати, изјави потпретседателот на владата и ополномоштен пратеник на претседателот на РФ за Далекоисточниот федерален округ Јуриј Трутнев.

„Кога 2013 година почнавме да работиме на развој на Далечниот Исток, уделот на странски инвестиции изнесуваше два отсто од вкупните вложувања на ниво на Русија. Денеска тој изнесува 32 отсто, што прави шеснаесеткратен раст. Обемот на веќе пристигнатите инвестиции на Далечниот Исток изнесува 1 трилион 300 милијарди рубли. Ние веќе докажавме дека на Далечниот Исток не се бара само помош, туку веќе можат да се заработат средства”, рече Трутнев.

Како што наведе тој, обемот на приватни инвестиции на Далечниот Исток ќе скокне на пет трилиони рубли во 2024 година.

„Реков дека на Далечниот Исток стигна еден трилион и триста милијарди рубли приватни инвестиции“.

„До 2024 година ќе ги има четири пати повеќе. Обемот на проектот што денес постои на Далечниот Исток сигурно ќе биде реализиран, договорите се потпишани, парите инвестирани. Во секој случај тоа ќе се случи. Тие пет трилиони ќе стигнат во 2024 година на Далечниот Исток“, нагласи Трутнев.

Тој додаде дека во рамките на програмата за социјален развој на центрите на економски раст се вложуваат повеќе од сто милијарди рубли буџетски средства и се градат повеќе од илјада разни социјални објекти.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња