Испораките на гас преку „Северен тек-2“ се очекуваат до крајот на 2021 година

Изградба на гасоводот „Северен тек-2“. Илустрација.

Изградба на гасоводот „Северен тек-2“. Илустрација.

Reuters
„Гаспромˮ веќе до средината на 2021 година би можел да ја заврши изградбата на гасоводот „Северен тек-2“ и би можел да почне со првите испораки на гас преку новиот цевковод до крајот на годината.

Тоа е процената на експертите со кои разговараше агенцијата ТАСС.

Минатиот петок руската баржа „Фортунаˮ почна со поставување на делницата на цевководот долга 2,6 километри во ексклузивната економска зона на Германија во водите на длабочина помала од 30 метри. Планирано е работата на таа делница да биде завршена до крајот на годината. Потоа ќе почне изградбата на последната делница на „Северен тек-2“ во територијалните води на Данска.

„Брзината на изградбата ќе зависи од техничките можности на бродовите која сега е тешко да се процени.  Исто така влијаат факторите на временските услови и логистичките детали. Во теорија завршетокот на изградбата до крајот на првиот квартал изгледаше како реална цел“, смета директорот на одделението за корпорации на агенцијата „Фич“ Дмитриј Маринченко.

Можно е изградбата на преостанатата делница да трае до шест месеци, вели генералниот директор на Институтот за национална енергетија Сергеј Правосудов. На роковите за изградба би можеле да влијаат бурите, карактеристични за Балтичкото море зиме, и недостатокот на искуство на руските бродови во реализација на големи инфраструктурни проекти“, тврди аналитичарот.

Според неговата процена, испораката на руски гас преку „Северен тек-2“ ќе почне поблиску до четвртиот квартал на 2021 година, по тестирањето на гасоводот. Маринченко од агенцијата „Фич“ исто така истакнува дека е многу веројатно новиот гасовод да биде пуштен во работа следната година.  

Побарувачката на руски гас во Европа ќе биде актуелна наредниве неколку децении, уверени се соговорниците на ТАСС. А со оглед дека Европската Унија одлучи сé помалку да користи јаглен и атомска енергија и планира да прејде на водородна енергетика, потребата од руски гас во иднина би можела да биде и поголема.

„Во текот на наредните, условно кажано, 20-30 години со гасот ќе биде сé во ред и испораките секако нема да се намалуваат, туку можеби и ќе растат. Затоа проектот „Северен тек-2“ ќе биде исплатлив“, смета Правосудов. 

Притоа украинскиот систем за транспорт на гас по воведувањето во експлоатација на „Северен тек-2“ исто така ќе се користи за испораки на гас во Европа во месеците кога побарувачката е на максимум, на пример, зиме, сметаат експертите.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња