„Форбс“: Ова се најдобрите работодавачи во Русија

Pixabay

Првото место на листата на „Форбс“ на најдобри работодавачи во Русија го зазема рускиот технолошки џин „Јандекс“ (Yandex). Рударско-металуршката компанија „Норникел“ (поранешна „Норилски никел“), која во претходниот рејтинг се најде на врвот на листата, на новиот попис не се најде меѓу водечките компании.

Со работните услови и еколошката и социјална политика, магазинот го зеде предвид и мислењето на стручњаците. Ова е второ издание на рејтингот.

Само шест компании, кои во претходниот рејтинг се најдоа меѓу водечките десет, ја задржаа позицијата во водечката група. „Јандекс“, кој во 2019 година го зазеде четвртото место; „Алроса“, компанијата специјализирана за истражување и експлоатација на дијаманти, од седмото место скокна на второто, додека „Гаспромбанк“ падна за две места и заврши на петтото.

„Тинкоф Банк“, која годинава се најде на третото место, минатата година го зазеде 25 место.

Едно од изненадувањата е „Сплат“, компанија специјализирана за производство на пасти за заби, која на листата го зазеде шестото место.

На врвот на листата се најдоа следниве компании:

  • Јандекс
  • Алроса
  • Тинкоф Банк
  • Сибур (петрохемија)
  • Гаспромбанк
  • Сплат
  • ВТБ (банка)
  • Сбер (поранешна „Сбербанк“)
  • МТС (мобилен оператор)
  • Полјус (рударство)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња