„Гаспромнефт“ во првите девет месеци од оваа година оствари нето добивка од 36 милијарди рубли

Zamir Usmanov/Global Look Press
Нето добивката на руската компанија „Гаспромнефт“ за третото тримесечје е зголемена во споредба со претходните за 27 отсто и достигна ниво од 28 милијарди рубли.

Нето добивката на компанијата во изминатите девет месеци изнесуваше 36 милијарди рубли, а приходот еден трилион и 450 милијарди рубли. Ова беше објавено денес во консолидираниот финансиски извештај на „Гаспромнефт“ на официјалниот сајт на компанијата.

Како што истакнува службата за односи со јавноста, компанијата покажала позитивни финансиски резултати и ги одржа финансиската стабилност и континуитетот на сите производствени процеси во постојните услови на негативно влијание на макроекономските фактори и пандемијата на новиот коронавирус.  

„Постепеното обновување на меѓународната и внатрешната побарувачка на суровини, оптимизацијата на трошоците и мерките за зголемување на ефикасноста овозможија значително подобрување на финансиските показатели во третото тромесечје во споредба со претходниот квартал“, беше кажано меѓу другото од компанијата.  

„Како што и предвидовме, во третиот квартал „Гаспромнефт“ ги подобри финансиските показатели, демонстрирајќи раст на нето добивката во споредба со вториот квартал. Ја задржавме високата дисциплина во поглед на намалување на трошоците, а спроведуваме и комплекс мерки, насочени кон зголемување на ефикасноста на работата на компанијата во услови на ниски цени и забавена рехабилитација на меѓународната побарувачка на нафта и нафтени деривати“, вели раководителот на „Гаспромнефт“ Александар Дјуков.

Во изминативе девет месеци од годинава производството на јаглеводороди на „Гаспромнефт“ изнесуваше 72 милиони тони нафтен еквивалент. Обемот на преработувачка на нафтата надмина 30 милиони тони. Во третиот квартал на фонот на обнова на побарувачката на пазарот компанијата го зголеми обемот на преработка речиси за 16 отсто во споредба со второто тромесечје и за 24 отсто ја зголеми продажбата на моторно гориво.

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња