„Лада“ постави апсолутен рекорд во продажба

Кирил Сафонов/TASS
АвтоВАЗ објави информација за резултатите од продажбата на моделите „Лада“ во октомври 2020 година. Компанијата истакнува дека важна улога во постигнатите бројки одиграле мерките за државна поддршка.

Во октомври 2020 година дистрибутерите на возилата „Лада“ продале 37030 примероци од оваа марка. Толку добри резултати на месечно ниво „Лада“ нема забележано од октомври 2014 година, кога беа продадени 37788 возила. Во септември оваа година биле продадени 35304 возила од марката „Лада“.

Меѓу моделите водечка е LadaGranta, за која се одлучиле 12756 граѓани на Русија (што е за 8,9% повеќе од октомври 2019). Побарувачката на моделот LadaVesta исто така покажува позитивна тенденција: минатиот месец биле продадени 11853 возила (пораст од 42,9%). Третото место веќе со години му припаѓа на семејството модели LadaLargus со 4779 возила (пораст од 2%).

„Според резултатите од октомври, со задоволство бележиме позитивна динамика на раст на продажбата и побарувачката на нашите возила. Без сомнение тоа е овозможено благодарение на продолжувањето на државните програми за поддршка и сопствените програми на „Лада“. Исто така, ние постојано се обидуваме да ја зголемиме атрактивноста на нашите модели, унапредувајќи ја нашата понуда“, ги коментираше резултатите од продажбата Оливие Морне, извршен потпретседател за продажба и маркетинг на компанијата АвтоВАЗ, истакнувајќи дека во октомври „Лада“ исфрлила модели во специјалната верзија Black.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња