Како што соопшти прес-службата на АвтоВАЗ, јубилејниот автомобил е седан LADA Grantа во црвена боја во специјалната верзија #CLUB. Во иднина тој ќе биде еден од експонатите во корпоративниот музеј на претпријатието. А со оглед на тоа дека оваа година за АвтоВАЗ е исто така јубилејна, на свеченоста по повод производството на 30-милионитото возило се појави и легендарниот ВАЗ-2101, популарниот „Жигулиˮ. Првото возило е произведено во април 1970 година.
Процесот на монтажа на јубилејната „Лада“ е забележан на видеоснимка и прикажан како тајмлапс.
Денес во фабриката во Толјати се склопуваат автомобилите од семејството на LADA - Granta, Largus, Xray, Niva и 4x4, моделите Renault Logan и Sandero, како и Datsun on-Do и mi-Do. Во монтажната постројка во Ижевск се произведуваат седаните и караваните LADA Vesta.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче