На руската пченица ѝ предвидуваат глобална доминација

Виктор Лисицин/Global Look Press

Прогнозирана е глобална доминација на Русија на пазарот на пченица откако Алжир, третиот по големина увозник на житарки на светот, одлучи да набавува големи количини од оваа намирница од Русија, објави „Блумберг“.

Алжир претходно увезуваше од Русија само помали количини пченица, затоа што руското зрно им одговараше по квалитетот. Но, во септември оваа година таа земја ги ублажи критериумите за испорака и дозволи увоз од Црноморскиот регион.

Алжир е вториот голем набавувач на пченица кој во последно време го отвори пазарот за Русија. На почетокот на оваа година руската страна почна со испораки на оваа житарка на уште еден голем увозник – Саудиска Арабија. Освен тоа, последниве години Русија го зголеми извозот и во други земји, од Турција до Бразил, од Виетнам до Танзанија. Денес руска пченица набавуваат повеќе од 100 земји во светот.

„Може да се забележи вртоглав раст како на производството на пченица во Русија, така и на извоз од оваа земја. Русија вложи значителни средства во зголемувањето на своето учество на пазарот и продолжува да го зголемува“, истакнува директорот на британската компанија за консалтинг CRMAgriCommodities Џејмс Болсворт.

Министерството за земјоделство на Русија очекува дека во 2020 година обемот на производство на житарки во земјата да биде најмалку 122,5 милиони тони (вклучувајќи 74,5 милиони тони пченица). Тоа е повеќе од минатата година, кога Русија ожнеа 121,2 милиони тони жито. Доколку оваа прогноза се оствари, жетвата годинава ќе биде втората по големина во постсоветската историја, заостанувајќи само зад рекордната 2017 година.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња