Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека изградбата на гасоводот „Балкански тек“ на просторот на таа земја се ближи кон крајот. Тој го напиша тоа на својата официјална страница на „Фејсбук“ непосредно пред обиколката на рутата на гасоводот со хеликоптер.
„Проектот влегува во завршница“, напиша тој. „На просторот на земјата се наоѓаат сите цевки потребни за објектот, а распоредени се на рутата во должина од 474 километри. Во изградбата се ангажирани повеќе од 2500 вработени од разни земји. Навистина огромен проект во чија реализација се вклучени 1420 тешки градежни машини и специјална техника“, нагласи премиерот на Бугарија.
Како што наведе тој, со изградбата на проектот „Балкански тек“ Бугарија ќе стане регионален стратешки центар за дистрибуција на гас и ќе гарантира диверзификација на испораките на гас.
„Балкански тек“ практично претставува продолжеток на гасоводот „Турски тек“ преку територијата на Бугарија. Во официјалните документи се нарекува објект за „проширување на гаснотранспортната инфраструктура на компанијата „Булгартрансгас“ паралелно со северниот, магистрален гасовод до бугарско-српската граница. Името на гасоводот „Балкански тек“ го предложи бугарскиот премиер. Линискиот дел на гасоводот би требало да биде изграден до декември 2020 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче