Во Русија почнаа работите на гасоводот „Силата на Сибир 2“

Газпром/Global Look Press
Во Русија почна изградбата на новиот гасовод „Силата на Сибир 2“. Ова на претседателот на државата Владимир Путин му го соопшти првиот човек на националниот енергетски гигант „Гаспром“ Алексеј Милер.

„Дадовте налог за почеток на проектно-истражувачките работи на гасоводот „Силата на Сибир 2“. Ги започнавме тие работи и во исто време, се разбира, ги започнавме работите на монголската делница“, рече Милер во обраќањето до шефот на руската држава, го цитира официјалниот сајт на Кремљ.

Тој додаде дека потпишал меморандум со премиерот на Монголија Ухангијн Хурелсух. Документот се однесува на основање компанија за специјална намена која ќе ја одбере рутата на гасоводот. Резултатите од заедничката работа ќе бидат подготвени за разгледување на почетокот на следната година.

„Реализацијата на проектот „Силата на Сибир 2“ ќе овозможи пред сé да ги поврземе гаснотранспортните капацитети на запад со гаснотранспортните капацитети на исток“, рече првиот човек на „Гаспром“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња