Руската економија реагира подобро на пандемијата на новиот коронавирус од повеќето други големи пазари во развој, пишува американската агенција „Блумберг“ повикувајќи се на експерти.
Според мислењето на Софија Донец, економист од „Ренесанс капитал“ за Русија и ЗНД, руската економија ја дочека пандемијата со ниска инфлација и мала невработеност, стабилен банкарски сектор и значителни финансиски резерви. Таа дава позитивни економски прогнози, доколку не се случат некои дополнителни потреси.
Заменик-главниот економист на Институтот за меѓународни финансии во Вашингтон Елина Рибакова смета дека за стабилноста на руската економија придонеле меѓународните санкции.
„Ренесанс капитал“ предвидува пад на БДП од 3,3 отсто годинава и скок од 3,8 отсто следната година. Според анкетите на „Блумберг“, обемот на руската економија ќе се намали за 4,8 отсто.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче