Продажбите на LADA го достигнаа нивото пред кризата и продолжуваат да растат

Global Look Press
„АвтоВАЗ“ ја објави статистиката за продажбите на автомобилите LADA. Компанијата соопшти дека успеала не само да ги достигне показателите пред почетокот на ограничувањата, наметнати од пандемијата, туку и да ги зголеми во споредба со јули 2019 година.

Минатиот месец дилерите на LADA продадоа 31709 автомобили, што според пресметките на АвтоВАЗ, е 5,7% повеќе во споредба со истиот период 2019 година, пишува „Росијскаја газета“.

Првото место по обем на продадени автомобили го зазема семејството LADA Granta - 11450 автомобили. LADA Vesta најде 9807 купувачи, LADA Largus е на третото место - 3718 автомобили. Во блиска иднина АвтоВАЗ ќе започне да го Largus Cross во новата специјална верзија Quest со супер тивок ентериер.

На 21 јули 2020 година во Русија стартуваше продажбата на теренецот  Niva под марката LADA. Во јули беа продадени 529 ребрендирани автомобили и 310 парчиња со логото на марката Chevrolet.

Оливие Морн, извршен потпретседател за продажба и маркетинг на АвтоВАЗ, го истакна порастот на бројот на корпоративни порачки, што исто така придонесува за севкупната состојба на продажбата на автомобилите од оваа марка.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња