Кина ја надмина Украина по увоз на руско месо

Peng Zhaozhi/Keystone Press Agency
Кина стана најголем увозник на руско месо, надминувајќи ја Украина и првпат во историјата прехранбените производи избија на второ место во рускиот извоз, веднаш по нафтата.

Кина стана најголем увозник на руско месо, надминувајќи ја Украина, соопшти Центарот за секторска експертиза на руската земјоделска банка „Россељхозбанкˮ.

Имено, во копнениот дел на Кина за шест месеци се испорачани 45% од вкупната количина извезено месо, а ако се пресмета и автономниот Хонгконг, станува збор за 54%, пренесуваат руските медиуми.

Уделот на Украина во рускиот извоз падна од 28% на 16%. Притоа вредноста на испорачаната роба порасна од 42 милиони на 53 милиони долари.

Аналитичарите објаснуваат дека рускиот извоз пораснал главно поради зголемувањето на испораките на месо од живина. Освен тоа, во 2020 година руските производители стекнаа право да извезуваат во Кина не само живина, туку и замрзнато говедско месо.

Според податоците на главната царинска управа на Кина, во текот на првите пет месеци од 2020 година извозот на земјоделски и прехранбени производи од Русија во Кина пораснал за една четвртина и достигнал 1,8 милијарди долари. 

На тој начин првпат во историјата прехранбените производи избија на второ место во рускиот извоз, веднаш по нафтата.

Претходно беше објавено дека Русија станала најголем извозник на чоколадо во Кина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња