Русија првпат заработува повеќе од продажба на злато отколку од гас

Alexandr Liskin/Russian Look/Global Look Press
Приходите на Русија од извоз на злато во второто тримесечје на 2020 година се значително поголеми од заработката од продажба на гас во странство. „Гаспром“ речиси 20 години нема толку малку заработено, а ваква ситуација во руската економија се бележи првпат барем од 1994 година, велат експертите.

Според податоците на Федералната царинска служба за април и мај, „Гаспром“ продал гас во износ од 2,4 милијарди долари, а прелиминарните податоци на Банката на Русија ја оценуваат заработката на „Гаспром“ за второто тримесечје на 3,5 милијарди долари, пренесуваат медиумите.

Тоа значи дека „Гаспром“ за едно тримесечје заработил најмалку од 2002 година.  

Во периодот април-мај од Русија се извезени 65,4 тони злато и продадени за 3,55 милијарди долари, што значи дека за два месеца Русија заработила на извозот на злато повеќе отколку за три месеци извоз на гас.  

Таква ситуација во руската економија настана првпат барем од 1994 година, велат економистите.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња