Петицијата со молба е објавена на сајтот WeAct.
Во обраќањето упатено до АвтоВАЗ, алијансата Renault–Nissan–Mitsubishi, Министерството за економски развој и амбасадата на Русија во Берлин, се наведува дека Lada нуди широк спектар автомобили со посебна пазарна ниша. Таквите возила се достапни за сите и „веќе околу 40 години имаат љубители и круг на постојани купувачи во Германија и ЕУ“.
Идејата за останување во Европа ја поддржа и официјалниот дистрибутер на руските автомобили во Германија, компанијата Lada Deutschland GmbH. До петокот, 26 јуни, петицијата ја потпишаа 1233 лица.
Како што беше соопштено во април 2019 година, АвтоВАЗ донесе одлука да ги запре испораките на возила Lada во Европа поради заострувањето на еколошките норми во европските земји. Компанијата го напушти европскиот пазар на почетокот на јуни 2020 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче