„Гаспром“ во наредните десет години ќе ја снабдува Грција со природен гас

Gazprom transgaz Krasnodar/Global Look Press
„Гаспром“ ќе извезува природен гас во Грција во наредните 10 години, соопштија неговите претставници. Договорот предвидува достава на гас во таа земја во периодот од 2020 до 2030 година.

Договорот го потпишаа „Гаспром експорт“ и грчката компанија Mytilineos S.A.B. Во соопштението не е назначена маршрутата на снабдувањето, но најверојатно таа ќе оди преку „Турски тек“.

Рускиот гас, испорачан преку „Турски теј“ од Бугарија веќе оди во Грција и С. Македонија. Оваа информација во интервју за бугарската радиостаница ја даде директорот на компанијата „Булгартрансгас“ Владимир Малинов.

„Доставата на гас од Русија успешно се реализира преку новата точка на излез „Странџа 2“. Приоритетот на реализацијата на овој проект се пред сé безбедноста и економската исплатливост. Овие два фактора влијаат на формирањето на конечната цена на купувачот“, рече Малинов.

„На 30 ноември Турција го заврши спојувањето на „Турски тек“ со нашата гасна мрежа „Балкански тек“, додаде Малинов. Гасот ќе поминува преку мрежата на територијата на Бугарија.

Кога гасната мрежа на „Балкански тек“ со вкупна должина од 308 километри до границата со Србија ќе биде пуштена во функција, низ неа ќе поминуваат 8,75 милиони кубни метри гас на ден. Новиот гасовод низ Бугарија со должина од 484 километри ќе биде завршен во целост до крајот на 2020 година.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња